| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски: Нова спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“, бесплатни екскурзии и пробор за учениците

Бев дел од образовниот систем во нашата држава во рамките на МОН како директор на Спортска академија. Моето искуство таму во однос на раководењето на таа институција и формирањето на колективот е едно од моите најпозитивни искуства во моето деловно работење. Моето школување го започнав токму овде во ОУ „Кочо Рацин“. Оттука и задоволството да кажам дека ќе направиме нова сала за ова училиште, а ќе ги реконструираме и обновиме и другите сали на училиштата кои се на тероторија на Општина Центар, истакна кандидатот за градоначалник за Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски.

Тој додаде дека ќе го обноват и ентериерот во училиштата, како и реконструкција на училишните кујни согласно ХАСАП стандардите.

 – Ќе направиме пристапни рампи за лицата со посебно потреби, секое училиште мора да има логопед и дефектолог. Децата ќе имаат бесплатна екскурзија, бесплатни училишни прибори во прво одделение, а децата од социјално загрозени семејства ќе имаат бесплатни прибори во текот на своето цело школување, посочи Јовановски.Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред сите училишта е дел од проектите кои ќе се спроведат со цел поголема безбедност на учениците.

– Сакаме да создадеме услови каде образованието на нашите деца ќе биде сигурно, безбедно и квалитетно, нагласи Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top