| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа во посета на Македонија

 Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Жан Клод Мињон, од денеска до 12 јуни ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.

Собраниската служба за информирање соопшти дека утре Мињон ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а задутре ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија, во рамки на 63. седница. Пред почетокот на седницата Мињон ќе се потпише во Книгата за впечатоци во Собранието.

Во тек на посетата претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа ќе има средби и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, шефот и членовите на Делегацијата на македонското Собрание во ПС на СЕ, координаторите на пратеничките групи во Собранието, како и вицепремиерите за спроведување на Рамковниот договор и за европски прашања,  Муса Џафери и Фатмир Бесими.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top