| четврток, 6 декември 2018 |

Генералниот секретар ба Советот на Европа го поздрави договорот меѓу Атина и Скопје

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го поздрави договорот за спорот за името постигнат помеѓу премиерите на Македонија и Грција.

– Овој договор доаѓа долго време. Покажува дека зборувањето, слушањето и разбирањето на меѓусебните загрижености ни овозможува да најдеме решенија дури и за најтешките проблеми. Лидерите на двете земји членки поставија пример за соработка и добра волја за нивните земји и за цела Европа, вели Јагланд, во пишаната изјава по повод договорот.

Советот на Европа е меѓународна организација основана 1949 година, со мисија за промоција на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Европа. Во неа членуваат 47 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top