| четврток, 6 декември 2018 |

Совет на Европа: Постојат сериозни проблеми со човековите права во Србија

Во Србија постојат голем број сериозни проблеми во врска со човековите права, особено кога станува збор за прашања за транзициска правда, сузбивање на дискриминација и слобода на медиуми, се наведува во денеска објавениот извештај на Комесарот на Советот на Европа Нилс Мужниакс.

zenite vo vojnata vo avganistan (22)

Извештајот е изработен по посетата на делегацијата на Советот на Европа предводена од Муижниакс во март годинава на Србија и разговорите со голем број државни и правосудни функционери во земјата, како и со претставници на невладини организации и медиуми.

Во однос на транзициска правда Србија продолжува да игра позитивна улога во развојот на регионалната соработка во процесирање на воени злосторства од 90-тите години.

– Сепак, загрижува постојаното несанкционирање на некои сериозни кршења на меѓународното хуманитарно право, што негативно влијае на тековните напори да се дојде до правда и траен мир во регионот, наведува Муижниакс.

Во извештајот се заклучува дека српскиот Суд за воени злосторства досега завршил релативно мал број случаи во однос на бројот на злосторства од 90-те години и дека од 149 досега обвинети, само шест лица за време на војната имале високи позиции во армијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top