| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА го казни Вардар со 55.000 евра

Вардар ја доби казната за лошата организација на натпреварот против Малме кој се играше на стадионот „Младост“ во Струмица, УЕФА се реши за парична глоба од 55.000 евра.

Вардар ќе треба да уплати 55.000 евра во касата на УЕФА за лошата организација на мечот во Струмица.

Македонскиот шампион е казнет по пет основи, фрлање предмети на теренот, непристојно однесување на публиката, блокирање на скалите на трибини, палење бакли.

Паричната казна е висока и покрај тоа што Вардар побара во предвид да биде земен фантот што не игра на својот стадион туку користи друг кој има далеку полоши услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top