Човекот кој не се плашеше од народот, кој ветуваше живот во Македонија, кој ги отвори портите мислејќи дека така ја отвора Владата, кој во моментов со двете раце го потпишува предавничкиот Договор за добрососедство со Бугарија, Зоран Заев, го пречекува бугарскиот колега Бојко Борисов со невидено полициско обезбедување околу Владата.
–Денеска ве повикувам да дојдете и да уснимате пред да почне седницата на Владата за да знаат граѓаните, тоа е Влада на сите граѓани, да ги видите сите детали, секако тоа е правено со народни пари, одлуките ќе ги носиме соодветно како и ние ја согледуваме и чувствуваме својата потреба, портите се отворени на Владата и тоа беше наједноставниот начин да го направиме уште пред почетокот на викендот и тоа веќе функционира, рече Заев во изјава за медиумите неколку дена по стапување на функцијата.
Од вчера во 16 часот сѐ до овој момемент градот е прарализиран, во сите улички околу Владата и во поширокиот реон во Дебар Маало, кон Градскиот Парк, до мостот „Гоце Делчев“ распоредени се десетици оклопни борбени возила, стотина припадници на специјалните полициски единици под силно вооружување, а на луѓето кои живеат и работат околу зградата на Владата без никакво известување им е забранет пристап до објектите.
На станарите кои живеат околу Владата и на фирмите им е забрането да отвораат прозорци, да фотографиираат, да излегуваат од зградите.
Утрово пајак-службата ги остстрани и возилата на станарите кои стојат паркирани на неколкуте паркинг-места пред зградите. Секако, ќе треба да се воорушаат со трпение и среќа за да си ги најдат некаде по околните паркинзи откако ќе замине високиот гостин.
Она што е најстрашно е што овој полициски час се спроведува под директна наредба на човекот кој „се отвори кон народот“.
Македонија се откажува од јазикот, историјата и од суверенитетот
Од кого се плаши Заев? Дали Заев верува во исправноста на својата постапка? Ако Договорото што го потпишуваат со Борисов не е на штета на Македонија, како што вели, зошто толкаво обезбедување? Од народот ли се чува?
–Јас како добро упатен политичар, којшто и понатаму бара поддршка од граѓаните, нема да дозволам влакно да ѝ фали на Македонија во нејзините перспективи. Договорот со Бугарија отвора сериозни перспективи за Македонија, а од него Македонија има сериозна придобивка, изјави Заев во пресрет на потпишувањето на погубниот договор со Бугарија.
фото: Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.