Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска ќе ги прими членовите на македонската ракометна репрезентација за играчи до 21 година по повод освоеното историско шесто место на штотуку завршеното Светско првенство во Алжир.
На првенството младите ракометни надежи одиграа пет натпревари во групата Ц со селекциите на Шпанија, Тунис, Русија, Бразил и Буркина Фасо. Со три победи и два порази се пласираа во четвртфиналето каде играа против Франција.
По поразот од „триколорите“ избраниците на селекторот Илија Темелковски се бореа за пласман од 5-8 место, каде во првиот меч повторно ја декласираа репрезентацијата на Русија, а во мечот за петтото место загубија од Унгарија.
Освоеното шесто место во светот досега е најдобар пласман на било која репрезентацијата на Македонија во историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.