| четврток, 6 декември 2018 |

Со пораз од Данска, Македонија се прости од Европското првенство

По одличното прво полувреме кое заврши нерешено 12-12 и во кое Македонија и пружи отпор на репрезентацијата на Данска, ракометарите во вториот дел одиграа послабо и му дозволија на противникот да победи со 11 разлика за конечни 31-20.

Во првиот дел момците на Раул Гоналез покажаа голема борбеност и добра игра, но во второто полувреме таа добра игра тотално се распадна, имавме очаен напад и лоша одбрана која резултираше со дебакл.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Филип Кузмановски кој уште еднаш покажа дека требаше да добие минути на клучниот меч против Чешка. По четири гола реализираа Стоилов и Манасков. Никола Митревски запиша 10 интервенции, а постигна и еден гол. Во составот на Данска најефикасен беше Дамгард Нилсен со 11 постигнати голови.

Со овој пораз Македонија го заврши Европското првенство на 11. место, пред селекцијата на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top