Ракометната репрезентација на Македонија во последниот меч на европското првенство во Хрватска против тимот на Данска на полувреме има резултат 12-12, а нашите момци и покрај болниот пораз вчера против Чешка, одлично се држат против моќната Данска. Очекувано, поголема минутажа имаат младите ракометари Кузмановски, Талевски, Велсковски и Пешевски кои оставаат одличен впечаток со целиот во првиот дел од мечот.
Најдобар стрелец кај Македонија по 30 минути игра е Дејан Манасков со четири гола, Филип Кузмановски е автор на три, додека Талески има два гола од два обида. Стоилов и Митревски дадоа по еден гол. Кај Данска, четири ракометари имаат постигнато по два гола.
Никола Митревски меѓу стативите на Македонија има шест одбрани, додека Ландин застана на само две, од кои една беше во финишот на првиот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.