| четврток, 6 декември 2018 |

Како навива секој од хороскопските знаци на Светското првенство?

Фудбалот е добра прилика да видиш со кого имаш работа.

Овен

Овните внимателно следат секој момент, случајно да не пропуштат нешто. Знаат се за репрезентацијата и за нејзините играчи, како најголеми фанови.

Бик

Биковите сакаат навивање во друштво. Сакаат да бидат добри домаќини и добро да угостат, но преферираат да одат кај некого.

Близнаци

Најдобро информирани навивачи се несомнено Близнаците. Често одат и во кладилница.

Рак

Раковите знаат да бидат претерано емоционални па дури и изнервирани, па често во текот на натпреварот грицкаат нокти од нервоза.

Лав

Лавовите секогаш навиваат за победниците. Жарот на натпреварот ги возбудува.

Девица

Девиците воглавно добро поминуваат со типовите за тоа кој ќе биде победник. Многу често ги погодуваат и конечните резултати.

Вага

Вагата тешко да се одлучи за кого ќе навива. Најмногу би сакале кога натпреварот завршува со нерешен резултат.

Шкорпија

Шкорпиите не се преоптеретуваат премногу со спортот, но доколку решат да навиваат навиваат бучно и со цело срце.

Стрелец

Тие скокаат од среќа кога нивната репрезентација победува. Го сака фудбалот и уживаат во секој натпревар.

Јарец

Јарецот ги гледа само натпреварите кои се навистина популарни. Кога ќе си го одбере својот фаворит, верно го прати.

Водолија

Спортот за нив е одличен избор за забава, иако доста се нервираат кога нивниот тим губи, тогаш често страдаат предмети во нивна околина.

Риби

Рибите со омилениот пијалак, во фотеља, го гледаат натпреварот се дури не заспијат. Многу често го дознаваат резултатот следниот ден.

 

извор: pharmanews.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top