| четврток, 6 декември 2018 |

Едмонд Адеми: Македонската дијаспора не е свесна колку е добар договорот со Бугарија, им треба освестување

На последната седница на владата министерот за дијаспора Едмонд Адеми изразил голема желба и подготвеност да направи мини турнеја во ширината на својот ресор и на македонската дијаспора да и ги објасни големите придобивки од договореното со Бугарија.

Адеми предложил, доколку премиерот Заев оцени дека е потребно, лично да направи една обиколка до македонската дијаспора во Австралија, Америка и Канада во првиот бран, а по одморите и во повеќе западно-европски држави каде што живеат Македонци, за да им објасни дека Договорот со Бугарија е всушност одличен и многу корисен за Македонија.

Адеми имал идеја тоа да го прави на трибини на кои ќе покани голем број претставници од дијаспората и ќе им зборува за големите бенефити од договорот за добрососедство со Бугарија и исправноста од потпишувањето на истиот.

Убеден сум дека ќе ги придобијам на наша страна откако ќе им објаснам што се има во договорот, како и дека после трибините јавно ќе го поддржат потпишувањето на истиот. Ете на пример во Гарфилд, Њу Џерси Македонците кои живеат таму зошто имаат нешто против ако не е признато македонското малцинство во Бугарија? И за нив е поважно Македонија да влезе во ЕУ, отколку тоа што соседите мислат за нас. Нека мислат што сакаат, ако тие се лоши не значи дека треба да сме такви и ние“, рекол Адеми на седницата на владата одржана во четвртокот, дознаваме од извори на „Илинденска“ б.б.

И ќе им кажам на нашите и во Сиднеј и во Торонто, дека баш затоа ваквиот договор е добро да го потпишеме, меѓу другото и за да ги зезнеме Бугарите да нема после за што да ни се лутат, откако ќе им исполниме се. Знаете дека Бугарија како и Грција долги години често својата политика ја базира и на македонското прашање. Епа кога ќе им прифатиме се и ќе се затвори прашањето, за што ќе зборат баш сакам да ги чујам“, бил убеден Адеми.

Премиерот Зоран Заев го ислушал, но не ја прифатил оваа идеја бидејќи бил убеден дека дијаспората веќе добро знае колку добар договор е ова за Македонија, особено откако ги изгледала интервјуата за договорот на челниците на бугарските националистички партии ВМРО-БНД и АТАКА кои од сесрце го поддржуваат договорот и велат дека има совршен текст.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top