| четврток, 6 декември 2018 |

Таравари потклекна под притисокот на кланот Заеви: Пријателката на Зорица Заева е нова директорка на ГАК

Таравари не издржа и потклекна под протисокот на кланот Заеви, блиската пријателка на Зорица Заева, Викторија Јовановска, да застане на чело на Клиниката за гинекологија и акушетство во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Иако смената на директорската позиција на Гинеколошко акушерската клиника беше најавувана уште пред повеќе од еден месец, Клиниката долго остана без нов директор, а причина за одолговлекувањето, како што тврдат извори на „Република“, е токму инсистирањето на кланот Заеви на позицијата да биде поставена довчерашната вмровка, д-р Викторија Јовановска, која е блиска пријателка на сопругата на Зоран Заев.

Најголем револт за поставувањето на Јовановска има меѓу членството на СДС од каде не можат да се изначудат како партијата нема подобар кадар за директор од довчерашната силна поддржувачка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. За неа меѓу колегите на ГАК дури се вртат и снимки од партиски собир во Струмица, каде што во први редови му аплаудира на лидерот Груевски.

Довчерашната вмровка Јовановска се уште главен адут на Заев за директор на ГАК

На владина седница доцна синоќа, околу 1 часот, е донесена одлука за разрешување на повеќе директори на скопските клиники и здравствените домови низ државата.

Револт на сите страни: Ќе добие ли ГАК директор-сончоглед?

Иако министерот за здравство Арбен Таравари најавуваше дека нови кадри ќе бидат пред сѐ стручни и професионални во својата работа, досега тоа не се случи, напротив, на чело на клиниките, на местото на врвни професионалци се поставени анонимни партиски војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top