| четврток, 6 декември 2018 |

Таравари: Заев вети на сите албански партии дека ќе има интервенции во Уставот

-Ние како партија мислиме дека сега е моментот, во духот на Охридскиот договор и во духот на Декларацијата на политичките партии на Албанците која што се потпиша пред една година, со која што кога влегувавме во Коалиција на 1 јуни 2017 година со господинот Заев и од негова страна беше прифатено дека може да се направат одредени интервенции во Уставот- појасни Таравари при гостување во „Топ Тема“.

Таравари образложи дека последниот пат Уставот беше отворен 2002 година после воената состојба и сега имаме убава прилика да ги затвориме одредени прашања и после тоа да продолжиме само со европската агенда.

-Ние би интервенирале, нашите амандмани само во две работи прво Преамбулата и тоа како што било во Охридскиот договор, ништо повеќе и за употребата на албанскиот јазик да не биде поинаков од македонскиот јазик, треба да стои македонски и албански јазик- посочи Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top