| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските ракометари ќе играат против Унгарија за 5. место на младинското СП

Македонската машка младинска ракометна репрезентација денеска со Унгарија ќе се бори за освојување на петтото место на Светското првенство (СП) кое се одржува во Алжир.

Мечот за петтото место се игра денеска, со почеток во 14 часот.

Унгарците во вториот дуел од разигрувањето за петто до осмо место славеа над Тунис со резултат 34-30 и така закажаа пресметка со нашите ракометари, кои денеска убедливо ја совладаа селекцијата на Русија со 36-27.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top