Поранешната новинарка Јорданка Ивановска – Јоци ги коментира кадровските решенија на владата на Заев, која зема замав и во разрешувањето професионалци и во вработувањето партиски или кадар кој „се одважил да помогне“. Во стилот „од чистачка до директор“ се разрешуваат директорите на сите државни установи, на клиниките притоа не водејќи сметка за нивната професонална неопходност, доброто работење и сл. Единствен услов да се биде директор, според кадровската политика на новата влада е да се биде близок со Заев и СДСМ.
Во контекс на разрешувањето на Маја Чаначевиќ од директорското место во Филхармонија, Јоци прашува со какво образложение е разрешен Сашко Кедев, доскорашен директор на Клиниката за кардиологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.