Кумановска продавачка во вистински филмски потег се спасила од разбојник. Таа го фатила за рака додека тој го држел пиштолот вперен во неа. Бил истрелан еден куршум кој завршил во таванот на марктетот.
Полицијата соопшти дека вчера околу 23,40 часот во Куманово, на улица Октомвриска револуција бб, во маркет „ТСД“, непознат сторител маскиран и вооружен со пиштол извршил разбојништво во обид над вработената во маркетот С.В.(1968) од Куманово, на тој начин што и го вперил пиштолот и под закана барал пари. Таа го фатила за раце при што истиот исукал во правец на таванот и побегнал.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово, од чија страна се пронајдени и обезбедени една чаура и еден проектил непознат калибар, и е констатирано оштетување на таванот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Претходно околу 21,15 часот исто така во Куманово, на улица Тоде Думба бб, во маркет „Елида“, непознат сторител маскиран и вооружен со пиштол под закана од вработените М.М.(1989) и А.Б.(1989) двете од Куманово, одзел 2.700 денари, по што испукал еден куршум во непознат правец цо маркетот и побегнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.