| четврток, 6 декември 2018 |

Отпуштена затоа што изела две парчиња пршута на пауза

Вработена добила отказ откако за паузата за ручек изела две парчиња пршута од продавницата „Интерспар“ во Задар. Сузана Шешо работела во продавницата цели 11 години, од самото отворање.

Таа била фатена на сигурносните камери како јаде две мали парчиња пршута без одобрение од менаџерот.

Иако по ваква постапка би требало да следи само опомена, таа била отпуштена на лице место.

Хрватката решила дека ќе ја тужи компанијата, по отказот во септември 2017 година. Но, Општинскиот суд во Задар вчера ја укинал првостепената одлука за оштета на Шешо и пресудил во корист на „Интерспар“.

 

– Сега сум во позиција да немам што да јадам, бидејќи станав социјално загрозено лице – изјавика Шешо за хрватските медиуми, веднаш по пресудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top