Роден на 10 август 1972 година во Скопје
Образовние: Факултет за драмски уметности на УКИМ во Скопје
Професија: писател за пеперуги и за тинкачи
Без сомнение, јаготка на сите шокови, ладни тушеви и непријатни кадровски изненадувања што во овие два месеца владеење ни ги приреди владата на Заев, е назначувањето на Сашо Тасевски за директор, па макар и само в.д., на Драмски театар.
Човекот кого во Скопје го познаваат од сокаци и кафеани, а не од претстави, по долгиот и вулгарен јазик, а не по маестралноста на писателското перо, во политиката влегува како десничар, националист, носител на кандидатска листа на ТМРО.
-Луѓето имаат предрасуда дека уметниците не треба да се занимаваат со политика. За жал, во едно вакво импровизирана држава, околностите го бараат спротивното – размислувал младиот Тасевски во 2006 година. Според него, уметниците влегуваат во политиката од две причини: лична корист и кариера или дека веруваат дека можат да создадат услови во кои ќе ги употребат своите потенцијали.
Образложувајќи ги причините, тој вели дека тие со лична користи имале комплекси поради недостиг на талент, па преку политиката ги лекуваат преку тие што се докажани во својата професија. Другите, пак, вели, се свесни, самоуверени и вистински веруваат дека можат да создадат услови во кои ќе ги употребат своите потенцијали. За него политиката е полесна, но многу лесно станува театар на жесток судир во кој успеваат најспособните.
Запознаени низ годините со потенцијалите на Тасевски, силно веруваме дека тој влегол во политиката поради првата причина.
Само пред два месеца писателот за курви и за тинкаџии беше згрозен од кадровскиот избор на СДСМ – Драги Рашковски да биде генерален секретар на владата. Па кога слегна правот, се крена во самоодбрана на изборот на Бубо Каров за некаков надворешен соработник на министерството за пропаганда и за цензура, а денеска е благодарен што станал директор. И не, не е погрешно да се каже дека одбраната на изборот да падне на Бубо Каров е самоодбрана. Бранејќи го изборот на Цацко, Тасевски се одбрани себеси.
„Бубо Каров ви пречи што го зеле за советник за медиуми и за комуникации? Па човекот е 40 години во медиуми. Поминал сито и решето. Бил успешен. Здобил огромна популарност со своите проекти зашто го нашол патот до публиката. Го знае нејзиниот нерв. Што? Според глупавине вмровци, кои до вчера ги голтале неговите скечови и буцкалоно груевистичко Ванковска, не бил компетентен. Кој е компетентен, ако не Бубо. Или не ви одговара зашто нема диплома за новинар или комуниколог. Па тој повеќе знае од некои ретардирани, кои имаат десет докторати за медиуми и за комуникации“.
Очигледно, Сашо не знае дека црна мантија не те прави поп, „ауди“ не те прави господин, ниту функција доделена од оваа влада докажан професионалец, вреден за почит. Тоа што си добил функција значи дека устата ти е затната со државна цицка. И ништо повеќе. Сашо добил лижавче.
„Благодарност до сите на кои мојот избор за директор на Драмски театар им дојде како пријатно изненадување бидејќи ретко кој помислуваше на тоа решение. Не знам колку вреди да се каже тоа, но времето е такво што неблагодарно е да се премолчи. Кога првпат ме поканија на разговор некои луѓе од министерството и кога на мое изненадување ми ја соопштија понудата, прво што реков беше: Немам против, ама да знаете, немам партиска книшка.
Едниот од нив ме погледна и кратко ми одговори: Баш ми е гајле!
Толку“.
Ете, веќе ни е полесно, немал книшка човекот. На „Твитер“ и на „Фејсбук“ веќе кружат муабети за каква книшка се работи. Не, никој од тие буцкала не помислува на партиска или на ученичка. Но, на здравствена…
Омажот на личноста и делото на овој човек што завршил на Факултетот за драмски уметности, но го викаат и колумнист и писател за пеперуги и за тинкаџии ќе го завршиме со една негова паметна мисла. Да, паметна, зашто секому може да му се случи.
„Вие од СДСМ правите ли проверка на тие што ги ставате на важни функции? Или тоа го правите само по чуен убав глас за некого? Какви реформи ќе правите ако во нивно спроведување ги вклучите полтроните на Груевски? Треба да знаете дека во подлизурковците ‘рти семето на пропаста на секоја власт. Изгледаат безопасно и лигаво, но, во суштина, се опасни зашто се лесно поткупливи и склони да му се одмаздат на секој господар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сашо Тасевски: Ме сменија луѓе од СДСМ зошто не сум во нивната секта
-
Сашо Тасевски: Заминувам од кормилото на Драмски со убави спомени и крената глава!
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Ориѓански му порача на Тасевски: „Зашто се нафаќаш за директор, ако не си способен?