Музичарот Златко Ориѓански, кој настапуваше на изборните митинзи на СДСМ, јавно го прашува директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски, зошто излегол на интервју во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов кога немал дар за јавен настап.
„Зашто се нафаќаш за директор, министер, ако не си способен за таа работа? Возрасен, зрел човек треба да знае за што го бидува и за што не е надарен. Можам да направам песна, ама не знам да направам бурек. Светов има и други области за живот и работа, политиката не е последното нешто на планетата“, му порачува популарниот музичар на Тасевски.
Според Ориѓански, директорот именуван од Владата и од министерот за култура со еден глуп потег направил огромна штета, но не само за него, туку и на илјадници луѓе што се борат со „вмровскиот монструм“.
Тасевски, кој беше дел од „Шарената револуција“, е остро критикуван откако вчера по катастрофалниот настап и дадените одговори замина од емисијата „Во центар“ со Васко Ефтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сашо Тасевски: Ме сменија луѓе од СДСМ зошто не сум во нивната секта
-
Сашо Тасевски: Заминувам од кормилото на Драмски со убави спомени и крената глава!
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Сашо Тасевски назначен за в.д. директор на Драмски театар