| четврток, 6 декември 2018 |

Честоева: Не ви се плашам, горда сум на тоа што го сработив!

Си­те вра­бо­те­ни дој­доа во „Бе­ла­та згра­да“ на нив­ни ли­чен по­ка­жан ин­те­рес пре­ку транс­па­рент­на по­стап­ка и ја­вен по­вик, за што по­стои до­ку­мен­та­ци­ја во му­зе­јот, и со не­тр­пе­ние го оче­ку­ваа вле­гу­ва­ње­то, а да не збо­ру­вам за те­пач­ки­те за кан­це­ла­ри­и­те. Но, де­нес тие исти­те го на­па­ѓа­ат му­зе­јот и јас еве ја ко­ри­стам мож­но­ста од ов­де да им по­ра­чам сло­бод­но не­ка се вра­тат во Му­зе­јот на Ма­ке­до­ни­ја за ве­ќе да не се из­ма­чу­ва­ат, ве­ли Че­сто­е­ва

Вие сте пр­ви­от ди­ре­ктор на Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј, ре­а­ли­зи­ра­вте мно­гу­број­ни про­е­кти, но со про­ме­на­та на вла­ста бе­вте сме­не­ти од ди­ре­ктор­ска­та по­зи­ци­ја и про­дол­жи­вте со ра­бо­та во иста­та ин­сти­ту­ци­ја на ме­сто­то ра­ко­во­ди­тел на се­кто­рот за струч­ни ра­бо­ти… Но, и од ова ме­сто до­би­вте отказ… Ка­же­те ни по­де­тал­но за што ста­ну­ва збор?

Честоева: Да, впро­чем и це­ла­та ма­ке­дон­ска јав­ност знае де­ка јас сум пр­ви­от ди­ре­ктор на НУ Ар­хе­о­ло­шки му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја – Скоп­је ос­но­ва­на во 2012 го­ди­на ка­ко нов пра­вен суб­јект и доз­во­ле­те ми ту­ка да об­јас­нам де­ка прет­ход­ни­те го­ди­ни му­зе­јот ка­ко од­дел функ­ци­о­ни­ра­ше во рам­ки­те на Му­зе­јот на Ма­ке­до­ни­ја, за­ед­но со ет­но­ло­шки­от и со исто­ри­ски­от му­зеј. Име­но, Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја со од­лу­ка ја ос­но­ва­ше оваа ин­сти­ту­ци­ја, а јас бев наз­на­че­на за неј­зин прв ди­ре­ктор, па от­та­му и ве­лам де­ка сум неј­зин ос­но­вач. Ги из­го­твив и до­не­сов си­те ос­но­вач­ки акти, го впи­шав во Цен­трал­ни­от ре­ги­стар и мо­рам да наг­ла­сам де­ка од мај 2012 го­ди­на, па до вто­ра­та по­ло­ви­на на 2013 го­ди­на јас бев единс­тве­на­та вра­бо­те­на во оваа ин­сти­ту­ци­ја. Ова го об­јас­ну­вам за да од­го­во­рам на не­кои на­па­ди, кои ано­ним­ни вра­бо­те­ни во му­зе­јот пре­ку „Фо­кус“ и „Плус ин­фо“ ги пре­не­соа во по­не­дел­ни­кот, ин­стру­и­ра­ни од стра­на на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра за да го ома­ло­ва­жат мо­јот ан­гаж­ман во из­ми­на­ти­те го­ди­ни.

Но, јас еве и ов­де ќе по­ра­чам де­ка си­те тие дој­доа во „Бе­ла­та згра­да“ на нив­ни ли­чен по­ка­жан ин­те­рес пре­ку транс­па­рент­на по­стап­ка и ја­вен по­вик за што по­стои до­ку­мен­та­ци­ја во му­зе­јот, и со не­тр­пе­ние го оче­ку­ваа вле­гу­ва­ње­то, а да не збо­ру­вам за те­пач­ки­те за кан­це­ла­ри­и­те. Но, де­нес тие исти­те го на­па­ѓа­ат му­зе­јот и јас еве ја ко­ри­стам мож­но­ста од ов­де да им по­ра­чам сло­бод­но не­ка се вра­тат во Му­зе­јот на Ма­ке­до­ни­ја за ве­ќе да не се из­ма­чу­ва­ат.

 

Од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра твр­дат де­ка „во­оп­што не ста­ну­ва збор за отказ, од­нос­но рас­ки­ну­ва­ње на до­го­во­рот за вра­бо­ту­ва­ње на опре­де­ле­но вре­ме за ра­бот­но­то ме­сто ра­ко­во­ди­тел за струч­ни ра­бо­ти, без отка­зен рок, до­де­ка на­ве­де­но­то ли­це ко­ри­сти бо­ле­ду­ва­ње, ту­ку за до­не­су­ва­ње од­лу­ка од стра­на в.д. ди­ре­кто­рот за прог­ла­су­ва­ње на пред­мет­ни­от до­го­вор за ни­што­вен, во сог­лас­ност со про­пи­си­те од об­ла­ста на об­ли­га­ци­о­ни­те и ра­бот­ни­те од­но­си, што зна­чи де­ка не­ма прав­но дејс­тво“… На­ја­ви­вте кри­вич­на при­ја­ва, ко­ја е Ва­ша­та стра­на на при­каз­на­та?

Честоева: По за­вр­шу­ва­ње­то на мо­јот ман­дат бев раз­ре­ше­на од функ­ци­ја­та ди­ре­ктор и низ ед­на транс­па­рент­на по­стап­ка, со сог­лас­ност од Ми­ни­стерс­тво за фи­нан­сии, со мис­ле­ње од Ан­ти­ко­руп­ци­ска ко­ми­си­ја, со ог­лас во два вес­ни­ка, ка­ко што на­ла­га­ат за­ко­ни­те, кон­ку­ри­рав за ра­бот­но ме­сто ра­ко­во­ди­тел на стру­чен се­ктор, на кој по­втор­но низ транс­па­рент­на по­стап­ка, со си­те не­оп­ход­ни до­ку­мен­ти што беа ус­лов во сог­лас­ност со за­ко­нот и со ог­ла­сот, бев из­бра­на од стра­на на ко­ми­си­ја за се­лек­ци­ја на кан­ди­да­ти и склу­чив до­го­вор за вра­бо­ту­ва­ње, нор­мал­но, со но­ви­от ди­ре­ктор, кој бе­ше наз­на­чен по мо­е­то раз­ре­шу­ва­ње. Ова го истак­ну­вам за да од­го­во­рам на об­ви­ну­ва­ња­та на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра де­ка сум се са­мо­вра­бо­ти­ла. Тоа е не­ви­де­на не­бу­ло­за од нив­на стра­на и мо­же­ле да се ин­фор­ми­ра­ат од но­во­то ра­ко­водс­тво­то на Ар­хе­о­ло­шки му­зеј.

И ту­ка поч­ну­ва мо­ја­та гол­го­та, вед­наш поч­на мо­бин­гот врз ме­не, не ми доз­во­ли­ја да си ги зе­мам мо­и­те лич­ни ра­бо­ти од кан­це­ла­ри­ја­та и во мое отсус­тво, иа­ко по­ба­рав кај но­ви­от ди­ре­ктор да си ги зе­мам мо­и­те лич­ни ра­бо­ти, ка­ко во вре­ме на ин­кви­зи­ци­ја, ми по­пи­шаа сѐ што бе­ше мо­ја лич­на ра­бо­та, за што под­не­сов при­го­вор на УО, но од стра­на на пре­тсе­да­те­лот на УО тој при­го­вор не бе­ше ста­вен на дне­вен ред, па бев при­си­ле­на да под­не­сам прет­ста­вка до На­род­ни­от пра­во­бра­ни­тел.

По 10 де­на, иа­ко кан­це­ла­ри­ја­та се ко­ри­сте­ше од стра­на на но­ви­от в.д. ди­ре­ктор вна­тре беа мо­и­те лич­ни ра­бо­ти, ме­ѓу кои и ре­зул­та­ти од мо­ја крв­на сли­ка. Ова го спо­ме­ну­вам за да ја ин­фор­ми­рам јав­но­ста со ка­кви ме­то­ди се слу­жи акту­ел­но­то ра­ко­водс­тво.

Вед­наш бев сме­не­та од кан­це­ла­ри­ја­та во ко­ја тре­ба­ше да би­де сме­стен ра­ко­во­ди­те­лот и со пис­мен до­пис од ди­ре­кто­рот бев сме­сте­на во ма­ла кан­це­ла­ри­ја ка­де што се чу­ва­ат жи­во­тин­ски ко­ски (ар­хе­зо­о­ло­шка кан­це­ла­ри­ја).

Но, нор­мал­но, ту­ка не бе­ше кра­јот, не мо­жеј­ќи да го из­др­жам овој при­ти­сок на 20.7.2017 го­ди­на отво­рив бо­ле­ду­ва­ње. При вр­ше­ње­то на ле­кар­ски­те кон­тро­ли во пе­то­кот бев из­ве­сте­на де­ка не ми е пла­те­но здрав­стве­но­то оси­гу­ру­ва­ње и јас се по­сом­не­вав, по што до­бив из­ве­сту­ва­ње од Аген­ци­ја­та де­ка сум раз­ре­ше­на во пе­то­кот во поп­лад­нев­ни­те ча­со­ви, пред кра­јот на ра­бот­но­то вре­ме.

Прет­ход­но, од стра­на на ми­ни­сте­рот Ала­ѓо­зов­ски, лич­но бе­ше по­ви­ка­на тру­до­ва инс­пек­ци­ја, ко­ја кон­ста­ти­ра­ше де­ка не­ма за­бе­ле­шки на по­стап­ка­та, за што по­стои офи­ци­ја­лен за­пис­ник. Не­за­до­во­лен од овој за­пис­ник, ми­ни­сте­рот пра­ти уште ед­на инс­пек­ци­ја се­га про­ши­ре­на со ра­ко­во­ди­те­лот на се­ктор во Тру­до­ви­от инс­пе­кто­рат, гос­по­дин Зла­те Сто­ја­нов­ски, со инс­пе­ктор­ка­та На­да Ни­ко­ло­ва и прет­став­ник од Ми­ни­стерс­тво­то, Ма­ја Ми­трев­ска. Јас не­мам ин­фор­ма­ции за овој за­пис­ник, но знам де­ка при­ти­со­кот од Ала­ѓо­зов­ски бил екс­прес­но да ме раз­ре­шат и тоа се слу­чи на­ред­ни­от ден до­де­ка јас ве­ќе бев на бо­ле­ду­ва­ње. За иро­ни­ја­та да би­де по­го­ле­ма од­ја­ве­на сум со исти­от ден ко­га сум и при­ја­ве­на за да мо­жат да не ми да­дат пла­та, а јас уред­но до­а­ѓав на ра­бо­та за што по­стои до­каз во еле­ктрон­ски­от си­стем за еви­ден­ти­ра­ње на ра­бот­но вре­ме и си ја из­вр­шу­вав мо­ја­та ра­бо­та во сог­лас­ност со Пра­вил­ни­кот за си­сте­ма­ти­за­ци­ја и за ор­га­ни­за­ци­ја на ра­бот­ни ме­ста.

По мо­е­то го­сту­ва­ње на ТВ „Но­ва“ ка­де што го обе­ло­де­нив слу­ча­јот, ми­ни­сте­рот, нај­ве­ро­јат­но, за­сег­нат од ви­сти­на­та и од фа­кти­те, а скри­ен зад ано­ним­ни до­пи­си на вра­бо­те­ни­те пре­ку нив­ни­те ме­га­фо­ни („Сло­бо­ден пе­чат“, „Плус ин­фо“ и „Фо­кус“) поч­наа да ми се за­ка­ну­ва­ат со кри­вич­ни при­ја­ви.

Еве во оваа при­го­да би са­ка­ла да му се обра­там да се со­о­чи со ме­не, а не да му на­ре­ду­ва на ди­ре­кто­рот да пи­шу­ва ано­ним­ни до­пи­си, но и да му по­ра­чам, не ви се пла­шам, чес­но ра­бо­тев и гор­да сум на тоа што го сра­бо­тив, ре­а­ли­зи­рав сто­ти­ци про­е­кти, из­лож­би кон­фе­рен­ции… Впро­чем, јав­но­ста ре­дов­но бе­ше ин­фор­ми­ра­на за тоа и тоа мо­же да се ви­ди и по­твр­ди.

Прав­да­та ќе ја ба­рам на суд, но ќе под­не­сам и кри­вич­ни при­ја­ви за одре­де­ни функ­ци­о­не­ри, кои спро­тив­но на за­ко­нот го до­не­ле ре­ше­ни­е­то. Јас, за раз­ли­ка од нив, ве­ру­вам во ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот и ве­ру­вам де­ка прав­да­та ќе из­ле­зе на ви­де­ли­на.

 

По во­ка­ци­ја сте ар­хе­о­лог. Ка­ко го ко­мен­ти­ра­те тоа што со ре­ба­лан­сот на бу­џе­тот се скра­те­ни средс­тва­та за Ску­пи и за ар­хе­о­ло­шки истра­жу­ва­ња на ло­ка­ли­те­ти­те низ др­жа­ва­та за по­ве­ќе од 70 про­цен­ти. Зна­чи ли ова де­ка Вла­да­та ќе ги за­пре ар­хе­о­ло­шки­те истра­жу­ва­ња на ло­ка­ли­те­ти­те низ Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја?

Честоева: Со жа­ле­ње мо­рам да кон­ста­ти­рам де­ка со ре­ба­лан­сот на бу­џе­тот се скра­те­ни фи­нан­си­ски­те средс­тва за про­е­кти­те во де­лот на за­шти­та­та на кул­тур­но­то нас­ледс­тво. За­пре­ни се ар­хе­о­ло­шки­те истра­жу­ва­ња за по­ве­ќе од 70 про­цен­ти. За­прен е про­е­ктот за ре­кон­струк­ци­ја на Ан­тич­ки­от те­а­тар во Ску­пи… Пла­ош­ник, под­не­сен е пред­лог-за­кон за уки­ну­ва­ње на За­ко­нот за на­ци­о­на­лен умет­ник. Се­то ова зна­чи уна­за­ду­ва­ње на кул­ту­ра­та во де­лот на ар­хе­о­ло­шки­те истра­жу­ва­ња, за­шти­та­та и на пре­зен­та­ци­ја­та. Ме­сто да поч­нат да се за­ни­ма­ва­ат со ра­бо­та, со про­е­кти, тие се впу­шта­ат во инс­пек­ции за да мо­жат да нај­дат не­кои не­пра­вил­но­сти или, ако не ги нај­дат, да на­пи­шат образ­ло­же­ни­ја „бли­ски до акту­ел­на­та власт“ ка­ко што бе­ше слу­ча­јот со Је­ле­на Жу­гиќ и со Бра­тис­лав Ди­ми­тров и се­га, нај­но­во, со ди­ре­кто­рот на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „Охрид­ско ле­то“.

 

Во из­ми­на­ти­ов пер­и­од од ди­ре­ктор­ски­те по­зи­ции беа сме­не­ти Је­ле­на Жу­гиќ, Бра­тис­лав Ди­ми­тров, Вие и пос­лед­на­та сме­на е на Оли­вер Ар­сов­ски, ди­ре­кто­рот на „Охрид­ско ле­то“…Има ли по­тре­ба од пар­ти­за­ци­ја во кул­ту­ра­та?

Честоева: Во вр­ска со об­ви­ну­ва­ња­та што дој­доа од стра­на на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра за ос­ло­бо­ду­ва­ње на кул­ту­ра­та од пар­ти­ски вој­ни­ци би са­ка­ла да од­го­во­рам де­ка пар­ти­за­ци­ја­та во кул­ту­ра­та не зна­чи ако не си исто­мис­ле­ник со вла­ста. Ние си­те сме до­ка­жа­ни про­фе­си­о­нал­ци во сво­ја­та деј­ност.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Александар Ивановски
(Текст објавен во 256. број на неделникот „Република“, 28.7.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top