| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен ден на туристичките водичи

arheoloski-muzej

Археолошкиот музеј на Македонија и Здружението на туристички  водичи и придружници на Македонија, престојниот  Меѓународен  ден на туристичките водичи – 21 Февруари , оваа година заедно ќе го одбележат  преку организиран настан од едукативен, промотивен и информативен карактер.

Со почеток во 11 часот, во просториите на Археолошки  музеј  свечено ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ Археолошки музеј на Македонија  и Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија, со цел промовирање на културното наследство и зголемена организирана посета на музејот за домашни и странски туристи.

Меморандумот ќе го потпишат Директорката на НУ Археолошки Музеј на Македонија Весела Честоева и  Бранко Босилков –Претседател на Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top