| четврток, 6 декември 2018 |

Честоева: Археолошкиот музеј е репрезент што одамна ѝ требаше на Република Македонија

Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја на сво­и­те по­се­ти­те­ли, до­маш­ни и стран­ски, им го пре­зен­ти­ра екс­лу­зив­но­то ар­хе­о­ло­шко кул­тур­но нас­ледс­тво од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. На се­кој по­се­ти­тел бесп­лат­но му стои на рас­по­ла­га­ње стру­чен во­дич низ по­ста­вка­та, кој до­пол­ни­тел­но мо­же да ги об­јас­ни пре­зен­ти­ра­ни­те ар­те­фак­ти и исто­ри­ски­те ди­ле­ми, ве­ли Че­сто­е­ва

Во пре­стиж­на­та „Gallery MC“ во Ма­ке­дон­ски­от кул­ту­рен цен­тар во Њу­јорк бе­ше отво­ре­на из­лож­ба­та „На­ки­тот низ ве­ко­ви­те од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“ на НУ Ар­хе­о­ло­шки му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја со­др­жи бо­гат екск­лу­зи­вен на­кит и те­ра­кот­ни фи­гу­ри­ни на­до­пол­не­ти со мул­ти­ме­ди­јал­ни со­др­жи­ни пре­ку кои пуб­ли­ка­та има­ше мож­ност да ја за­поз­нае ве­ков­на­та тра­ди­ци­ја на ма­ке­дон­ски­от на­кит. Не­кои од при­сут­ни­те прв­пат имаа мож­ност да се за­поз­на­ат со ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја и тра­ди­ци­ја, прв­пат ви­доа на­кит стар ил­јад­ни­ци го­ди­ни кој е дел од го­ле­ми­те ар­хе­о­ло­шки истра­жу­ва­ња во Ма­ке­до­ни­ја во пос­лед­ни­те 70 го­ди­ни и кои прет­ста­ву­ва­ат све­дош­тво за кул­тур­ни­от кон­ти­ну­и­тет и иден­ти­тет на ма­ке­дон­ски­от на­род. За из­лож­ба­та, но и за оста­на­ти­те актив­но­сти на Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј раз­го­ва­ра­ме со ди­ре­ктор­ка­та Ве­се­ла Че­сто­е­ва.

 

vesela-cestoeva-kultura-int217-4

Ко­пии од ар­те­фа­кти на ма­ке­дон­ски зла­тен на­кит беа при­ка­жа­ни на из­лож­ба во Њу­јорк, а ве­лат ако ус­пе­еш во Њу­јорк, си ус­пе­ал се­ка­де. Ка­же­те ни ка­ко по­ми­на прет­ста­ву­ва­ње­то на на­ше­то кул­тур­но бо­гат­ство во гра­дот кој ни­ко­гаш не спие?

Че­сто­е­ва: Со гор­дост мо­рам да истак­нам де­ка из­лож­ба­та по­ми­на од­лич­но, со го­ле­мо ин­те­ре­си­ра­ње од по­се­ти­те­ли­те и огром­но за­до­волс­тво што има­ат мож­ност да ви­дат и да се за­поз­на­ат со ил­јад­ни­ци го­ди­ни ста­ри ар­те­фа­кти откри­е­ни со де­це­ни­ски­те ар­хе­о­ло­шки истра­жу­ва­ња во на­ша­та зем­ја, а не­кои, за жал, прв­пат да се за­поз­на­ат со Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, неј­зи­на­та исто­ри­ја и де­неш­ни­от жи­вот. За­тоа сме­там де­ка из­лож­ба­та во це­лост ус­пеа да си ја ис­пол­ни сво­ја­та за­да­ча и ка­ко кул­ту­рен ам­ба­са­дор со гор­дост и рес­пект го при­ка­жа на­ше­то кул­тур­но бо­гат­ство. По­себ­но сме гор­ди на фа­ктот де­ка из­лож­ба­та це­лос­но ус­пеа да ја обе­ди­ни це­ла­та ма­ке­дон­ска ди­јас­по­ра на ед­но ме­сто, со ма­ке­дон­ски по­се­ти­те­ли од Њу­јорк, Ва­шин­гтон, Њу Џер­си, Чи­ка­го и ду­ри од Фло­ри­да. Она што, се­пак, при­јат­но нѐ из­не­на­ди бе­ше и топ­ли­от при­ем кој го до­бив­ме од по­се­ти­те­ли­те и бро­јот на дип­ло­ма­ти и ре­но­ми­ра­ни свет­ски умет­ни­ци кои нѐ удо­сто­и­ја со нив­но­то при­сус­тво и по­зи­тив­ни­те ко­мен­та­ри за из­лож­ба­та и ни отво­ри­ја мож­но­сти за ид­на со­ра­бо­тка. Но­си­тел на из­лож­ба­та е НУ Ар­хе­о­ло­шки му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја, под­др­жан од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра, за што изра­зу­ва­ме го­ле­ма бла­го­дар­ност.

 

Бе­вте дел од Европ­ски­те де­но­ви на кул­тур­но нас­ледс­тво, Бе­ли но­ќи, Кон­фе­рен­ци­ја­та по­све­те­на на ме­га­лит­ска­та оп­сер­ва­то­ри­ја „Ко­ки­но“ и неј­зи­на­та по­пу­ла­ри­за­ци­ја…Кои про­е­кти ги пред­ви­ду­ва­те во бли­ска ид­ни­на?

Че­сто­е­ва: Од ми­на­та­та го­ди­на и НУ Ар­хе­о­ло­шки му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја се прик­лу­чи на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та Европ­ски де­но­ви на кул­тур­но нас­ледс­тво.

Во про­сто­ри­и­те на НУ Ар­хе­о­ло­шки му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја се одр­жаа: „Europa Romana: По­се­та на из­лож­би и пре­да­ва­ња за рим­ски­те епи­граф­ски спо­ме­ни­ци и ар­те­фа­кти“, ор­га­ни­зи­ра­но ка­ко бесп­лат­на про­ше­тка на по­се­ти­те­ли­те низ по­ста­вка­та со рим­ски ар­те­фа­кти и ла­пи­да­ри­у­мот, ка­де што се пре­да­ва­ше за ка­ра­кте­ри­сти­ки­те на рим­ско­то кул­тур­но нас­ледс­тво во Ма­ке­до­ни­ја и вли­ја­ни­е­то на рим­ска­та кул­ту­ра врз соз­да­ва­ње­то на но­ви­те оп­штес­тве­ни при­до­би­вки; „По­се­та на биб­ли­о­те­ка­та на Фон­да­ци­ја­та Ки­рил Трај­ков­ски“, сме­сте­на во про­сто­ри­и­те на НУ Ар­хе­о­ло­шки му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја, во ко­ја се одр­жа пре­зен­та­ци­ја на со­др­жи­на­та на биб­ли­о­те­ка­та и про­ек­ци­ја на кра­ток филм за ос­но­ва­ње­то, гра­де­ње­то и функ­ци­ја­та на биб­ли­о­те­ка­та во ид­ни­на. Исто та­ка, учес­тву­вав­ме и на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „Бе­ла ноќ“, на ко­ја по­стиг­нав­ме им­по­зант­на број­ка по­се­ти­те­ли – за шест ча­са, кол­ку што бе­ше отво­рен му­зе­јот бесп­лат­но во пер­и­о­дот од 18 до 24, во му­зе­јот про­ше­таа 2.000 по­се­ти­те­ли, со што уште ед­наш мо­же да се по­твр­ди де­ка му­зе­јот прет­ста­ву­ва ре­пре­зент што одам­на ѝ тре­ба­ше на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

vesela-cestoeva-kultura-int217-2

Во про­сто­ри­и­те на НУ Ар­хе­о­ло­шки му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја се одр­жа и ме­ѓу­на­род­ни­от на­у­чен сим­по­зи­ум со нас­лов „Ко­ки­но – ар­хе­о­ло­шки и астро­ном­ски ас­пе­кти – па­ра­ле­ли и искус­тва“, под по­кро­ви­телс­тво на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а во ор­га­ни­за­ци­ја на НУ Ар­хе­о­ло­шки му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја. На­ста­нот се одр­жа по по­вод ју­би­леј­ни­те 15 го­ди­ни од по­че­то­кот на пр­ви­те ар­хе­о­ло­шки истра­жу­ва­ња на ло­ка­ли­те­тот „Та­ти­ќев Ка­мен“, де­нес поз­нат ка­ко ар­хе­о­а­стро­ном­ски ло­ка­ли­тет „Ко­ки­но“. За це­ли­те на сим­по­зи­у­мот бе­ше по­ста­ве­на и из­лож­ба со­ста­ве­на од 26 фо­то­гра­фии, под нас­лов „Ко­ки­но – ми­сти­чен ше­пот низ веч­но­ста“ на поз­на­ти­от умет­нич­ки фо­то­граф Љуп­чо Или­ев­ски, а учес­тву­ваа ре­но­ми­ра­ни астро­фи­зи­ча­ри: проф д-р Го­ран Хе­нри­ксон од Уни­вер­зи­тет во Уп­са­ла, Швед­ска, проф д-р Ва­ле­ри­ја Фол од Бу­гар­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки­те, д-р Але­ксан­дар Бу­ла­то­виќ од Ар­хе­о­ло­шки­от ин­сти­тут на Р. Ср­би­ја, проф д-р Дра­ги Ми­трев­ски – од Ка­те­дра­та за исто­ри­ја на умет­ност и Ар­хе­о­ло­ги­ја, на Фи­ло­зоф­ски­от фа­кул­тет, Р. Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко и проф д-р Ол­ги­ца Куз­ма­нов­ска – од Ин­сти­ту­тот за фи­зи­ка при При­род­но–ма­те­ма­тич­ки­от фа­кул­тет, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, за­ед­но со оста­на­ти­те еми­нент­ни на­уч­ни­ци од об­ла­ста на ар­хе­о­ло­ги­ја­та, ар­хе­о­а­стро­но­ми­ја­та и астро­но­ми­ја­та збо­ру­ваа за сво­и­те на­уч­ни оп­сер­ва­ции во овие об­ла­сти и по­вр­за­но­ста со Ко­ки­но.

Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја до кра­јот на го­ди­на­ва ќе ре­а­ли­зи­ра уште не­кол­ку зна­чај­ни про­е­кти, ка­ко што е про­мо­ци­ја на Илу­стра­тив­ни­от во­дич за по­сто­ја­на­та му­зеј­ска по­ста­вка, ќе ја отво­ри Еду­ка­тив­на­та ра­бо­тил­ни­ца во склоп на Му­зе­јот, со што до­ка­жу­ва де­ка по­све­ту­ва по­себ­но вни­ма­ние на најм­ла­ди­те и нив­но­то ид­но на­до­гра­ду­ва­ње. Во за­вис­ност од нив­на­та во­зраст, про­гра­ми­те за ра­бо­та­та со де­ца­та и пре­зен­та­ци­ја­та на на­ше­то кул­тур­но бо­гат­ство се раз­ли­ку­ва­ат, од мо­де­ли­ра­ње, цр­та­ње и бо­е­ње, ви­де­о­и­гри или спе­ци­фич­ни пре­да­ва­ња.

vesela-cestoeva-kultura-int217-3

Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја е нај­по­се­ту­ва­на­та ин­сти­ту­ци­ја во зем­ја­ва. Ка­же­те ни кол­ку вкуп­но по­се­ти­те­ли има до­се­га, што ну­ди по­ста­вка­та на Му­зе­јот и ка­кви ту­ри има за ту­ри­сти­те?

Че­сто­е­ва: До­се­га Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја го има­ат по­се­те­но по­ве­ќе од 70.000 по­се­ти­те­ли од зем­ја­ва и од странс­тво.

Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја на сво­и­те по­се­ти­те­ли, до­маш­ни и стран­ски, им го пре­зен­ти­ра екск­лу­зив­но­то ар­хе­о­ло­шко кул­тур­но нас­ледс­тво од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја здо­би­е­но со де­це­ни­ски­те ар­хе­о­ло­шки истра­жу­ва­ња во на­ша­та зем­ја. На­ша­та по­сто­ја­на ар­хе­о­ло­шка по­ста­вка, во це­лост, ус­пеш­но ја илу­стри­ра це­ло­куп­на­та исто­ри­ја на на­ша­та зем­ја од нај­ста­ри­от чо­веч­ки пер­и­од, па­ле­о­ли­тот до кра­јот на ос­ман­ли­ски­от пер­и­од.

По­ста­вка­та, сле­деј­ќи ги нај­но­ви­те трен­до­ви во му­зе­о­ло­ги­ја­та, е на­до­пол­не­та со број­ни мул­ти­ме­ди­јал­ни со­др­жи­ни, во­соч­ни фи­гу­ри на истак­на­ти исто­ри­ски лич­но­сти од Ма­ке­до­ни­ја и сли­ки кои ам­би­ен­тал­но го на­до­пол­ну­ва­ат про­сто­рот. На се­кој по­се­ти­тел бесп­лат­но му стои на рас­по­ла­га­ње стру­чен во­дич низ по­ста­вка­та, кој до­пол­ни­тел­но мо­же да ги об­јас­ни пре­зен­ти­ра­ни­те ар­те­фа­кти и исто­ри­ски­те ди­ле­ми. Мо­ра да истак­не­ме де­ка до­се­гаш­ни­те ре­ак­ции од по­се­ти­те­ли­те се крај­но по­зи­тив­ни, што осо­бе­но нѐ ра­ду­ва и ни да­ва за пра­во да ги по­ка­ни­ме си­те што не го по­се­ти­ле Му­зе­јот до­се­га, а има­ат мож­ност, да го на­пра­ват тоа што по­ско­ро за­тоа што на­ше­то кул­тур­но бо­гат­ство е на­ше и единс­тве­но и са­мо тоа нѐ де­фи­ни­ра ка­ко Ма­ке­дон­ци.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 217. број на неделникот „Република“, 28.10.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top