| четврток, 6 декември 2018 |

Штети по земјотресите: Во Археолошкиот музеј оштетени два керамички сада, во Музејот на Македонија скршени прозорци

22

Два антички керамички сада од поставката на Археолошкиот музеј на Македонија и повеќе паднати постаменти, три искршени стакла од Музејот на Македонија се првичните штети во музеите по серијата земјотреси кои во неделата го погодија Скопје и околината, пишува „Дневник“.

Никакви штети нема во Музејот на град Скопје, сместен во Старата железничка станица, која остана најголем симбол на катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година. Слична е состојбата во Музејот на современата уметност на скопското Kале, донација изградена по кобниот земјотрес, кој е конструиран да издржи потреси до 8 степени според Рихтеровата скала.

Во Археолошкиот музеј на Македонија вчера се правеше увид во состојбата на поставките, депоата, просториите.

– Од првичниот увид има минимални оштетувања на две парчиња керамика, од македонско-хеленистички период и од доцната антика. Поместени се или превртени предмети и неколку постаменти. Kонкретни податоци ќе имаме кога ќе биде завршен извештајот – вели Весела Честоева, директорка на Археолошкиот музеј на Македонија за весникот. Повеќе може да прочитате во „Дневник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top