Летниот одмор не е само луксуз на кој се трошат многу пари, а тоа го докажуваат и следниве истражувања. Еве неколку причини поради кои треба да одите на море:
Заштита од срцев удар
Едно истражување во кое учествувале околу 13.000 пациенти со проблеми со срцето, покажало дека оние кои редовно одат на годишен одмор имаат за 29 отсто помал ризик од срцев удар.
Животот се продолжува
Истото истражување покажало дека луѓето кои редовно одат на одмор имаат за 17 отсто намалени шанси за смрт од која било причина.
Се чувстувате посреќни
Холандските научници откриле дека дури и помислата дека можеби ќе одите на патување, ја зголемува вашата целокупна среќа. Едно слично истражување објавено во магазинот „Psychosomatic Medicine“, покажало дека одморот и другите слични активности водат кон позитивен пристап кон животот и намалување на депресијата.
За да се подобри квалитетот на љубовната врска
Едно истражување направено од „Rural Women’s Health Study“ открило директна корелација помеѓу одморот и односот со партнерот. Колку повеќе време мажот и жената поминуваат надвор од секојдневните активности, толку се посреќни дома. Резултатите од истражувањето особено се однесуваат на понежниот пол: колку повеќе жените поминуваат време надвор од дома, толку ќе бидат позадоволни од брачниот живот.
Поголема попродуктивност на работа
Голем број истражувања направени врз работници покажале дека, одморот е круцијален за ослободување од стресот кој секојдневно се акумулира од работните обврски. Сепак тоа е многу важно за подобрување на целокупната добросостојба и продуктивноста во работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.