| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ објави дека сезоната за него е завршена!

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ реши да ѝ стави крај на тениската сезона порано од очекуваното.

Српскиот ас има повреда на лактот, поради која обелодени на прес-конференција дека предвремено ќе ја заврши овогодинешната сезона. Ѓоковиќ поради повредата го предаде четвртфиналниот меч на Вимблдон.

Ноле од понеделник ќе падне на петтото место на АТП-листата, првпат по десет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top