Прв пат отидов на лекар без врски, не сакав да се јавувам никому. Син ми беше болен и имавме приоритетен упат. Чекавме точно 1 час и 45 минути
Аренби музичарот и диџеј Владимир Блажев-Панчо е револтиран откако со приоритетен упат, чекал речиси два часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје, со помалиот син Марјан, кој имал висока температура и отечена жлезда.
„ Комплетно, здравството е хаос. Прв пат отидов на лекар без врски, не сакав да се јавувам никому. Син ми беше болен и имавме приоритетен упат. Чекавме точно 1 час и 45 минути. До нас имаше една пациентка која едвај стоеше и не ја примаа околу еден час. Нејзиниот татко се налути и влезе во ординација да се кара со докторката, и се расправаа како на пазар. Друг човек тврдеше дека чека цели четири часа. И пцуеше во ходникот, за што апсолутно го поддржувам. Потоа дојде до смена на докторките и кога прашаа кој е на ред, јас дојдов до докторката и ѝ кажав дека сум со приоритетен и оти детето ми гори а чекам речиси два часа. Конечно влеговме на преглед, докторката Маја Кирјас беше многу љубезна“,
„ Не велам дека се виновни докторите туку дека целото здравство е катастрофа. Додека се расправаат за тендери, политички поени, луѓе умираат и се третираат во страшно лоши услови“, додава тој.
Панчо на никого не му посакува да чека на ред во било која здравствена институција. „Ако немаш врски, Господ нека ти е на помош“. Тој вели дека ги поддржува докторите што си заминуваат од Македонија, според него со цело право, тие одат да работат во нормални земји со одлични услови. Овде, вели Панчо работат за смешни пари, во катастрофални услови, во хаос и во безредие.
Целиот текст е објавен во „Женски магазин“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто
-
Уште еден скандал: Вработените на Институтот за ТБЦ немаат земено плата