| четврток, 6 декември 2018 |

Затвореник од затворот во Прилеп сакал да се самоубие со бесење

zatvor

Кога сакал да си го одземе животот го спречиле затвореници кои  пред да заспијат  сосема случајно  забележале дека 35 годишниот осуденик од Куманово висел на бесилка, која претходно сам ја  направил од постелнината.

Затворениците брзо реагирале, една група  во последен момент го симнала од бесилка а другите   ја алармирале затворската стражарска служба.
Веднаш била повика  итната  медицинска помош, а лекарите со крајни напори го повратиле затвореникот во живот.

Извори на Канал 5 информираат дека осудениот на 6 години затворска казна за повеќе кривични дела подолго бил во депресија и со месеци немал посета од неговите најблиски во семејството. А немал пари ни за основни потреби.

Пред да се обиде да си го одземе животот најверојатно испил големи количини на антидепресивни лекови.
Информацијата официјално ниту е  потврдена ниту демантирана од затворската управа..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top