| четврток, 6 декември 2018 |

Израелките поуспешни од Македонија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го забележа првиот пораз на претквалификацискиот турнир што се игра во Израел, токму од домашната селекција со 56-72. По победата над  Португалија, вчера, македонските кошаркарки немаа сили да го повторат успехот на денешниот дуел против домаќинот Израел.

Натурализираната Македонка Криси Гивенс, беше најзабележителна во таборот на Македонија со 25 поени и 11 скокови, а двоцифрен ефект забележа и Димовска, со 11 поени. Израел со овој триумф го осигура првото место, а нашите репрезентативки на утрешниот дуел со Германија ќе решаваат која од овие две селекции ќе ја освои втората позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top