Македонија го победи Бразил (28-23) во решавачкиот натпревар за пласман во осминафиналето на СП во Алжир за играчи до 21 година, а потоа продолжи и новата традиција на новата генерација – победата да се овековечи со заедничка фотографија.
Младите македонски ракометари покажаа дека се најсилни кога е најпотребно, дека имаат квалитет и знаат да победуваат. Дека се тим и кога победуваат и кога заедно се радуваат.
Дека македонскиот ракомет има иднина што ветува уште многу вакви победнички фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.