| четврток, 6 декември 2018 |

30 години јадела само помфрит и јајца

Од шест години Кејти Лугран поради нарушување во исхраната исклучиво јадела помфрит и јајца.

Со помош на терпаијата со хипноза триесет години подоцна Кејти успеала да јаде и некој друг оброк кој содржел грав, брокула и боранија, пишува британскиот „Дејли мејл“ .

Кејти има 37 години и живее во Ковентри, Велика Британија. Таа дури и на сопствената венчавка го јадела истиот оброк со кој се хранела цел живот и признала дека ваквото тешко нарушување и го упропастил животот.

Всушност, таа пати од нарушување во исхраната кое и прави секоја друга храна да и е неподнослива, па така била принудена оброците да ги сведе на една иста храна.

– На луѓето тоа од секогаш им беше смешно. Јас се шегував на сопствена сметка, така беше наједноставно – вели Кејти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top