| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто диетите не успеваат?

Докторите откриле седум „грди вистини“, односно причини поради кои диетите се неуспешни, а во продолжение ви ги пренесуваме сите.

  1. Глад

Станувате уморни од чувството на глад кое ве обзема цело време, па се побуните.

  1. Желба за одредена храна

Константно сакате да пробате одредена храна, нешто солено или слатко.

  1. Чувство на ограничување

Се чувствувате како да не можете да одите да јадете надвор од домот, дека не можете да одите никаде или да работите нешто поради тоа што сте на диета.

  1. Непрактичност и трошок

Со работата, децата, стресот и животот, чувствувате дека не можете да го направите сето тоа и да се држите до диетата посебно ако таа е прескапа и од вас бара да ги броите калориите и нутриционистичките вредности.

5. Здодевност

Ви станува здодевно секој ден да јадете речиси иста храна.

  1. Искушение

Желбата за храната околу вас ви станува и премногу.

  1. Неконзистентни резултати

Можете да биде обесхрабрени затоа што губењето на килограмите не е конзистентен. Или ќе ги загубите килограмите, па тогаш вашиот напредок ќе застане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top