На Александра Пријовиќ и на Филип Живоиновиќ им преседна летувањето во Монте Карло, каде што беа сместени во станот на Лепа Брена. Имено, Брена стигнала неколку дена по нив, а ти подготвиле сè за нејзиното доаѓање со Бобо, па го наполниле фрижидерот со храна, купиле врвни скапи пијалоци, пишува „Скандал“.
На Брена и на Бобо сето ова им годело, но следниот ден Александра и Филип продолжиле да се однесуваат како домаќини. Брена се изнервирала од нивното однесување и им подвикнала:
-Не можете вие да ги одредувате правилата во мојата куќа. Од сега ќе правите како што јас ќе кажам. Доста вие плаќавте и честевте, оtсега за тоа сме задолжени јас и Бобо, малку вие да бидете наши гости, а не само ние ваши.
Александра и Филип не се согласиле со тоа па дошло до расправија. За тоа време Бобо се шегувал дека тој ќе јаде и ќе пие додека тие се расправаат кој чиј гостин е, пишува таблоидот „Скандал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.