„Сексот и градот“ го прослави 15-от роденден. Популарната американска серија создадена од Дарен Стар премиерно беше прикажана на HBO, на 6-ти јуни 1998 година и беше една од највисоко ранкираните ситкоми за сезоната. Крајот на серијата, емитуван на 22 фервуари 2004 и беше еден од најгледаните краеви на американска серија.
Сместена во Њујорк, серијата се фокусира на четири женски ликови. Серијата стана позната по своите слободни дијалози за жените и сексот. Фановите на серијата велат дека „Сексот и Градот“ е реалистичен портрет на сексуалното однесување и животниот стил на многу урбани Американци. Авторот Орсон Скот Кард вели дека иако грубоста на серијата го оставила нем, била една од најдобро напишаните серии на телевизија.
Ликовите беа критикувани како површни, плитки и самобендисани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



