Кери, Миранда и Шарлот сепак ќе го снимат третото продолжение на филмот “Сексот и Градот”. Но, ова снимање ќе започне без контроверзната улога на Ким Катрал.
Наводно, причината поради кои се одолговлекувало снимањето на филмот, било двоумењето на Ким Катрал. Популарната глумица едноставно не сакала повторно да се впушти во таа приказна и да го оживее тој лик.
Дали тоа е вистинската причина или можеби расправијата со Сара Џесика Паркер, никој не знае, но сигурни сме дека оваа информација ги израдува сите фанови на „Сексот и Градот”. Но, дали ова продолжение ќе го има истиот сјај без Саманта останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.