| четврток, 6 декември 2018 |

Миранда од „Сексот и градот“: Кристин е првата жена која сум ја бакнала

Во изјава за Радио Тајмс таа сега првпат проговори јавно за врската со Кристин Маринони, која беше нејзина прва лезбејска врска во животот.

– Јас пред тоа не сум имала врски со жени, дури не сум ни бакнала жена – рече Синтија.

– Кога почнавме да се гледаме, Кристин само чекаше да почнам да правам паника околу наштата врска, како досега да не сум забележала дека таа е жена. Кога ја предупредив, престана да крева паника, рече таа.

Поради Кристин таа го остави сопругот, професор по англиски јазик со кој била 15 години и има две деца. Со својата нова партнерка во брак е пет години, а со неа има уште едно дете

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top