Секој што гледал барем една епизода од телевизиската серија „Сексот и градот“, знае дека Кери Бредшо не штедеше на фустани, чанти и посебно чевли од најпознатите модни дизајнери.
Сепак, тоапо што таа беше најпрепознатлива не чини којзнае колку. Се работи за белото здолниште, кое Сара Џесика Паркер, која го глумеше главниот лик, го носи во воведната шпица, кога автобусот со нејзиниот лик ја прска со вода.
Според една неодамнешна изјава на глумицата, „модниот детаљ“ го нашла на распродажба и за него платила пет долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.