| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските младинци денеска на мегдан против силната Шпанија

Младата македонска ракометна репрезентација вечерва ќе го игра третиот натпревар на Светското првенство што се одржува во Алжир.

Избраниците на селекторот Илија Темелковски ќе имаат тешка задача во дуелот против досега непоразената Шпанија селекција која важи и за еден од фаворитите за освојување на шампионскиот трофеј.

Средбата Македонија – Шпанија која ќе се игра во терминот од 19 часот е во рамките од 4. коло во Ц групата, во која претходно (од 17 часот) ќе играат Тунис и Русија, а во вечерниот термин од 21 часот ќе се одигра натпреварот меѓу Бразил и Буркина Фасо.

По три одиграни кола, лидер на табелата е Шпанија со максимални 6 бодови, пред Тунис и Македонија кои имаат по 4, по што следуваат Русија и Бразил со по 2 бода, а последно пласирана е селекцијата на Буркина Фасо без освоен бод.

Потсетување дека пласман во следната, осминафинална рунда ќе обезбедат четирите првопласирани селекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top