Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци” во Струга вечер во 20 часот ќе биде отворената изложба од Драган Стефаноски насловена „По трагите на светлината 2″.
Стефаноски е вљубеник во фотографијата од мали нозе. Од 1980 активно твори и изработува аматерски филмови со мотиви од Струга, Охрид и од други околни места.
Со изложување на својата работа започнал активно од 2010 година. Посветено работи на популаризација на Струга, Охрид, како и на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.