| четврток, 6 декември 2018 |

Реми против Азербејџан за надежен старт во квалификациите

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, го почна новиот циклус квалификации за пласман на ЕП 2015 година, со реми без голови на гостувањето во Азербејџан.

Имавме шанса и за победа, но во финишот Христијан Драгарски не успеа да погоди, иако беше сам пред противничкиот голман. Во продолжение од акцијата можност имаше и Александар Трајковски, но неговиот шут беше изблокиран и не заврши во мрежата.

Македонија во последниот квартал од мечот играше со десетмина играчи, по исклучувањето на Стојан Стојчевски, но одолеавме на нападите и со реми ја почнавме квалификациската авантура во осмата група за пат на ЕП за две години. Со нас и Азербејџан во конкуренција се и Португалија, Норвешка и Израел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top