| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна промоција на книги и концерт на „Љубојна“ во МКЦ

Здружението на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лицата со физичка и ментална попреченост „Нова искра“ од Скопје, кое како примарна цел има презентирање, промовирање и заштита на животот и делото на Искра Донева како мотивирачка успешна приказна и други активности за успешно завршување на хуманитарната акција за собирање средства за нејзин медицински третман со матични клетки и подобрување на егзистенцијалните услови, организира промоција на најновите дела (самостојно издание) на Искра Донева на 10 јуни во Кино Фросина, МКЦ од 20 часот.
Книгите „Скакулче игра плочка“, „Татко“ и „Лазарополски хаикуа„ се од жанрот хаику поезија. Промотори на книгите ќе бидат  Александар Прокопиев и Владимир Мартиновски, како и Жарко Кујунџиски, додека поезијата ќе ја интерпретираат повеќе македонски актери. Со своја музичка програма настанот ќе го збогати интернационално познатиот етно состав „Љубојна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top