| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шпанија невработените со универзитетска диплома-учат за овчари

Во Шпанија, која во мометов ја тресе економска криза, невработените сега добиваат можност за ново занимање и обезбедување на плата. Молери, келнери, но и факултетски образовани лица во покраината Андалузија учат да молзат кози и да одгледуваат овци.

По молзењето се оди на ливада – започнува нов ден. Во идиличното планинско село Грасалема од пред три години има училиште за овчари, финансирано од Европската унија. Кандидати има многу, но во еден курс се примаат само 20 учесници. Младите, невработени Шпанци гледаат нова шанса во овчарската професија. Школувани ѕидари, механичари или млади со академско образование овде интензивно ја изучуваат умешноста на чувањето овци. Обуката трае шест месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top