Охридскиот градоначалник Никола Бакрачевски и секретарот на Општината, Димитар Спасески, се сретнаа со Зоран Заев. Бакрачевски изразил голема благодарност до Заев за неговата иницијатива да се сретнат и побарал асистенција за решавање на проблемите на општината.
„Градоначалникот на Охрид, Бакрачевски, изразувајќи ја уште еднаш својата благодарност за исклучително конструктивната поддршка и разбирање од премиерот Заев, замоли за асистенција на владата и во поглед на решавање на прашањето на регионалната депонија за отпад. Ова исто прашање беше од интерес и на општинската делегација од Струга“, се вели во соопштението од кабинетот на Заев, каде што се додава дека тој најавил подготвеност да се најде решение колекторот за прочистување на Охридско Езеро да биде изоставено од надлежноста на општините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.