| четврток, 6 декември 2018 |

Северина повторно бремена?!

Откако го загуби првото дете од сопругот Игор Којиќ, како што самата изјави, Северина Којиќ е повторно бремена, пренесуваат хрватските медиуми. Имено, поп-пејачката повторно ја направила медицинската процедура вештачко оплодување, по пат на која забремени и претходниот пат, но, за жал, плодот го загуби поради стресот што и’ го приредил бившиот партнер Милан Поповиќ, поднесувајќи тужба за старателство врз нивниот син Александар.

„Северина е свесна дека годините не и’ одат во прилог, но земајќи предвид дека избра врвни лекари и дека здравствената состојба и’ е генерално добра, верува дека има шанси повторно да се реализира како мајка, и заради себе, но и заради Игор, на кого тоа ќе му биде прво дете“, вели извор близок на пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top