Зоран Башановиќ, човек со исклучително матна биографијата, вмешан во низа скандали и афери во Србија, од денеска работи во Владата на РМ. Тој е човекот со кого Зоран Заев ја оствари првата средба откако стана премиер, врската меѓу Заев и газдата на „Слободен печат“ Александар Радиќ и директорот на ЕЛЕМ Саша Обрадовиќ.
Башановиќ е еден од многуте нововработени во Владата, кои имаат специјална, но непозната советничка работна задача. Ќе работи – нешто како специјален советник на премиерот.
Веќе пишувавме, но да потсетиме, Башановиќ е една од најконтроверзните личности во Србија. Од менаџер на половина српска естрада, преку поранешен кум на српскиот претседател Александар Вучиќ, со кого во меѓувреме ги нарушија односите, до исклучително матна личност во областа на енергетиката.
Српски Информер за Зоран Башановиќ пишува дека со години работи како естраден менаџер, а кратко бил и член на Главниот одбор на партијата СНС. Од таму го избркале, затоа што себеси си склопувал милионски комбинации, повикувајќи се на наводно кумство со лидерот на напредњаците и нов претседател на Србија, Александар Вучиќ.
Широката јавност дозна за него, на исто толку контроверзен начин – Зоран и неговата сопруга Бојана беа уапсени во трговски центар во Мајами додека краделе облека и постелнина. Ден подоцна беа пуштени со кауција од по 1.000 долари.
Белградскиот портал Информер, исто така, пишуваше дека пред сопственикот на српскиот портал Курир, Александар Родиќ -Аца, токму преку Башановиќ стапил во блиски контакти со Заев и го презема дневниот весник „Слободен печат“, „најверојатно со пари од албанските финансиери“ на Заев. Исто така, беше неведено дека не е случајно што Заев токму во Курир го даде интервјуто во кое ја навредуваше српската влада како националистичка. Сега, задачата на Башановиќ е да го „поправи имиџот“ на лидерот на СДСМ во Србија.
Башановиќ и Заев, како што пишуваат белградските медиуми, се запознале во Грција, каде што и двајцата имаат куќи. Башановиќ му ветил дека ќе му обезбеди поддршка од српските медиуми. Истовремено Заев преку Башановиќ се запознал со Саша Обрадовиќ, кому му ветил дека ќе го постави за директор на ЕЛЕМ кога ќе стане премиер, тврдеше неодамна соговорник на Информер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.