Македонскиот првак Вардар доби дозвола од УЕФА да игра на “Филип Втори” во Скопје против данскиот шампион ФК Копенхаген. Но, на првиот меч ќе биде домаќин, во вторник (25 јули) а реваншот ќе го игра како гостин во Данска на 2 август, во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
УЕФА најде сепак соломонско решение откако увиде дека стадионот “Младост” во Струмица не е подготвен за да биде организатор на европски натпревари од ваков ранг. Мечот со Малме во Струмица беше фијаско од организациски карактер, а публиката се обиде на полувремето од трибините да влијае и да се заканува кон главниот судија Жапченко од Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.