| четврток, 6 декември 2018 |

Битолски театар подготвува нова претстава: „Сон на летната ноќ“ со премиери во Битола и во Охрид

Народниот театар Битола деновиве е во интензивни подготовки. Во тек е подготовката на осмата премиера „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на режисерот од Калифорнија , Џон Блондел.

Претставата премиерно ќе се прикаже на матичната сцена на 31.7.2017 година, а на 5.8.2017 година ќе биде премиера на Охридско лето 2017 година.

-Националната установа Народен театар Битола од јануари до јуни има реализирано седум премиери, прикажани се 112 претстави и број на публика што ги погледала претставите се 11 915. Во јули, покрај редовниот репертоар, се одржа и  јубилејниот петти „Битолски Шекспиров фестивал“ – велат оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top