Англискиот шампион Челси и официјално има нов напаѓач. Попладнево клубот на официјалната веб страница потврди дека Шпанецот Алваро Мората за сума од околу 70 милиони евра е нов нивни член и наследник на Диего Коста.
Трансферот на младиот Шпанец доаѓа по неуспешниот обид Челси во своите редови да го врати Ромелу Лукаку, а според пишувањата на шпанските медиуми, овие пари Реал ќе ги искористи за доведување на Килијан Мбапе од Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.