Откако италијанскиот шампион Јувентус го откажа трансферот на младиот напаѓач на Сампдорија, Патрик Шич, се чини дека талентираниот напаѓач веднаш најде нов тим. Како што јавуваат ителијанските медиуми, Шик е пред потпис од тимот на Интер кој веднаш сакал да ја искористи шансата и да го доведе високиот напаѓач во своите редови.
Најверојатно Интер ќе ја плати откупната клаузла која изнесува 25 милиони евра за да ги обезбедни услугите на Чехот. За потсетување, Јувентус беше на чекор од доведување на Шик. Се беше договорено, Шик го помина и првиот дел од лекарските прегледи, но потоа Јувентус го откажа трансферот со образложение дека Чехот има срцева маана идека не сакаат да ризикуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.