| четврток, 6 декември 2018 |

Повик за барања за финансиска поддршка за рурален развој

1-Galicnik-panoramaАгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година, за обнова и развој на селата, како и за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

Првата мерка опфаќа изработка на урбанистички планови за села, инвестиции за градба или реконструкција на селски улици до еден километар, како и за плоштади, зелени површини или шеталишта во средини до 30 илјади жители.

Втората мерка пак опфаќа инвестиции во патната инфраструктура, како и мостови, за поврзување со патишта кои се од локално значење за животот и работата на селата со должина до 2 километри. Во истата мерка се опфатени и означувања на културни и природни знаменитости, велосипедски патеки, уредување на излетнички места во руралните средини.

Финансиската поддршка е 100 процентна, а барањата може да се достават до 8 јули годинава. Целосната информација за тоа што се опфаќа оваа програма, како и начинот на финансирање, потоа образецот заедно со листата на потребните документи може да се најдат на интернет страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top