| четврток, 6 декември 2018 |

И економскиот план на СДСМ препишан од програмата на Двери (ФОТО+ВИДЕО)

Во недостаток на план за развој на македонското општество и придвижување на економијата СДСМ откако им го украде слоганот на кампањата за изборите во декември 2016 на српското движење Двери, сега нивната неспособност се покажува на дело со тоа што им препишаа и планот за економски раст.

Од фотографиите подолу може да се види кои делови ги преземале СДСМ од Двери

Ова е дел од програмата 2017 -2020 на српското движење Двери:

1. Закрепнување на стопанството и земјоделието

2.Вложувања на државата само во домашно производство

3. Репрограмирање на долговите

4. Раскинување на штетните договори со ЕУ и ММФ

5. Основање на инвестициска развојна банка

6. Контрола на текот на парите

7. Реформа во даночниот систем

8. Заштита на домашниот пазар

9. Создавање на реални нови работни места

Сепак, новите очигледно непрофесионални експерти и советници на премиерот Зоран Заев се зафатени со други работи, како и со пишување на статуси на социјалните мрежи, па така планот за економски раст остана со само 6 точки.

А еве што вели планот на за еконосмки раст на Заев:

1.Ослободување на приватниот сектор од политичките стеги, создавање услови, деловниот амбиент да биде ослободен од политичките притисоци

2. Транспарентност на политиките при нивно спроведување,овозможување транспарентни услови и критериуми

3. Неутралност и не дискриминација и еднаков третман на домашните и странските инвеститори

4. Добра координација при спроведување на одделните политики во рамките на индустриската политика,транспарентност и еднаква стартна позиција на сите субјекти

5. Ефикасност и ефективност на политиката

6. Следење и постојано мерење на резултатите

Како што откри „Република“, предизборната кампања и програмата на СДСМ целосно се украдени од српската партија Двери. СДСМ настапуваше под слоганот „За подобар живот во Македонија“, соодветен на слоганот со кој настапила и радикално десничарската партија Двери во Србија на претходните избори „За живот Србије“. Освен слоганот, СДСМ ја користи и иконографијата на оваа радикална партија, па на овие избори наместо си традиционалните бои сина и жолта, настапува со црвена и бела, идентично со Двери.

Програмата на СДСМ препишана од програмата на српската радикална десничарска партија Двери

Со ова се потврдија пишувањата на Република во изминатите две години дека СДСМ работи под инструкции на продавачите на скапа малга од Србија.

Кој го кара Заев на српски?

Белградските инструктори редовно доаѓаат во Скопје, на Бихаќка, а резултатот од нивната работа го чувствуваме сите – тие се автори на кампањата на СДСМ, но истовремено учествуваа и во организирањето на немирите преку таканаречената Шарена револуција. Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер, кои важат за контроверзни лица во Србија вплеткани во серија на корупциски скандали, на Зоран Заев му продале кампања и слоган целосно украдени од српската партија.

Безидејноста на СДСМ, односно дека украле дел од кампањата на српското движење Двери, минатата година непосредно пред изборите на 11 декември за „Република“ го потврди Срѓан Ного од српското движење. Ова се случи откако Република му ги предочи фотографиите од кампањата на СДСМ како и рекламниот материјал од СДСМ за изборите, но и некои делови од програмата, а од Двери ги препознаа. Тогаш Република побара и став од тогаш генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

ЕКСКЛУЗИВНО: Српската партија ДВЕРИ ја потврди кражбата – СДСМ врши политичка измама со нашата кампања (ВИДЕО)

-Тоа е целосна невистина, програмата на СДСМ е подготвена темелно и е базирана на искуство и аналитичност. Во процесот на создавање учествуваа научници, експерти, економисти, а напишана е во консултација со граѓаните на РМ, одговори Спасовски преку телефонска порака.

Сепак, одговорот се однесува само на програмата, па Република тогаш телефонски од Спасовски побара одговор за обвинувањата и за копирање на кампањата, како и за тоа дали користеле српски стратези за односи со јавност за кои пишуваа медиумите во Македонија. Но Спасовски категорично се задржа на пишаниот одговор, односно дека тоа што го напишал е единственото што има да го каже.

Откако пратеникот од Двери ги образложи и бојата за кампањата и кореографијата и пораките со кои настапувале, односно дека тие произлегле и соодветствувале на нивната анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-ЛГБТ програма, македонската јавност останува покуса за одговор од СДСМ на истото прашање.

Сето ова говори во насока на тоа дека СДСМ порано, а и сега на власт џабе ангажира советници посебно сега зошто се платени со пари на народот. За нив се трошат пари, а тие ништо не работат. Тоа особено може да се види од она што СДСМ како предводник на Владата прави веќе четврти месец откако е на власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top